Економија на град со велосипедисти

Возењето велосипед може да ја спаси целосната светска економија, а комплетниот процес е објаснет во книгата Bikenomics: How Cycling Can Save The Economy. Во основа има 5 клучни аргументи.

Здравствени трошоци

Математиката е превземена од буџетот на Портланд (каде што живее авторката), според кој до 2030-та заради инвестициите во инфраструктурата за велосипеди градот ќе заштедува по 600 милиони долари годишно на здравствени трошоци. Тука е и Копенхаген, кој очекува по оваа основа да заштеди околу 60 милиони долари годишно кога ќе биде завршена мрежата на 26 "автопати" за велосипеди.

Поевтина инфраструктура и повеќе работни места

Во просек, урбаните автопатишта чинат по 60 милиони долари за една милја (многу е, ама еве ја математиката). Најдобриот тип на велосипедски ленти чини од 170 до 250 илјади долари од милја и потребно му е многу малку одржување. Дополнително, една милја велосипедски патеки, отвора повеќе работни места, отколку една милја автопат.

Паркинг

Авторката Ели Блу посветува сериозно внимание на начинот на кој општеството го субвенционира поседувањето на автомобил. Ако се земат во предвид улиците, најголемиот дел од градовите одделува над половина од својата површина на градовите. Според неа овој простор инаку може да се продаде на приватни лица или компании, од што би се вадел данок и би се отвориле дополнителни работни места.

Локална економија

Студијата на CEOs for Cities, покажа дека со тоа што жителите на Портланд возат 20% помалку автомобили од останатите градови, тие придонесуваат 800 милиони долари на локалната економија. Велосипедистите е поверојатно да застанат и да потрошат пари во некоја продавница отколку возачите на автомобили. Освен тоа поверојатно е тие да ги потрошат парите во локалните продавници во градот, наместо да одат во големите трговски надвор во предградијата.

Автомобилите се скапи

Семејство кое заработува под 70 илјади долари годишно, троши речиси 20% од приходите на транспорт (доколку користат автомобил). За разлика од ова, трошоците за одржување велосипед се некаде во границата од неколку стотици долари.

Авторката објаснува дека книгата ја напишала за да им даде посилни аргументи на луѓето кои го поддржуваат велосипедизмот.

18 ноември 2013 - 13:01