Камионот полн со кобалт-60 беше ограбен на 2-ри декември. Откако бил испразнет пленот, возилото било оставено покрај патот.
Кобалт-60 бил изваден од заштитните пакети, ама не бил оштетен, заради ова областа не е загадена и нема опасност на јавното здравје. Сепак ова не важи за криминалците кои го извадиле пленот од заштитните пакети, бидејќи тие најверојатно ќе умрат од изложеност на радијацијата.
"Веројатно ќе биде фатално да бидеш до толкава количина на незаштитен радиоактивен материјал во период меѓу неколку минути и еден час," пишува во официјалната изјава од Меѓународната агенција за атомска енергија.
Радиоактивниот материјал доаѓа од една блиска болница од машините за третман за рак.