Швеѓани, прекинете да се глупирате

Деновиве и покрај високото ниво на спремност на казнено поправниот систем, еден шведски затвореник успеа да избега од затвор... за да оди на забар... по што се вратил назад во затвор.

51-годишниот маж избегал од затвор (до душа со минимална безбедност) во југо-западна Шведска, затоа што забот му бил отечен и не можел да чека да дојде доктор.

Човекот побарал медицинска помош од стражарите, ама немало никакви резултати. По ова решава сам да си помогне и бега. Во блискиот град тој застанува кај првиот забар и таму го вади воспалениот заб. Кога завршил работа човекот крајно воспитано се пријавува во полиција за да го вратат назад.

Кога полицијата го испорачала човекот во затвор, стражарите сериозно го укориле и му ја продолжиле казната за еден ден. Инаку, целата казна му е еден месец.

29 ноември 2013 - 19:43