Доколку референдумот за независнот пројде позитивно, тоа ќе значи крај на 306 години старото Обединето Кралство во досегашниот облик.
Според последното истражување на расположението, 39 проценти од луѓето се за независност, 31 против а 15 не можат да се определат.
"Независноста на Шкотска е во твои раце" е насловот на обемниот водич во кој детално се објаснува профилот на идната држава и како во неа ќе се заменат досегашните институции во кои претставниците на Шкотска чинат само 9 проценти од 650-те членови на Долниот дом а во Домот на Лордови земјата не дава членови.
- На првата седница на шкотскиот парламент ќе се стави точка за повлекувањето на нуклеарното оружје кое во моментов е лоцирано во Шкотска.
- Ќе се задржи фунтата.
- Даноците ќе растат најмногу до нивото на инфлацијата.
- Поштата ќе биде вратена во јавна сопственост.
- Од 2017-та ББС ќе биде заменет со шкотски јавен сервис.
- Минималните плати ќе растат паралелно со трооците за живот.
- Ќе се воведе минимален износ на пензија.
- Ќе се преземат мерки за вработување жени и за нега на деца.
Референдумот за независност на Шкотска е закажан за 18-ти септември 2014-та.