Парите треба да и помогнат на НСА да ја стегне внатрешната безбедност и да ги избегне "внатрешните опасности за тајните документи," односно некој од вработените или хонорарците да не му ги објави на светот тајните на агенцијата.
Во октомври Ројтерс објави дека НСА веќе има инсталирано нов софтвер за безбедност чија задача беше спречување на "внатрешните закани." Меѓутоа софтверот не бил инсталиран во станицата на Хаваи, каде што работел Сноуден, затоа што таа имала спор интернет.
Сноуден во мај годинава објави 200.000 тајни документи, во кои беше опишана работата на НСА и шпионирањето на американските граѓани и речиси секоја друга нација во светот.