Мерката воведена пред речиси две децении веќе не им врши работа на американските разузнавачи, посебно откако сфатија дека телефон за зборување денес користат само тетки, анкетари и наплатувачи на кредити.
Новинари и директори на новински компании како Би-би-си, Ал-Џезира биле хакирани од поранешни американски шпиони за потребите на Емиратите, објавува Ројтерс.
Американските разузнавачки агенции влијаеле врз повеќе од 1.800 филмови и телевизиски серии, покажува анализа на двајца новинари на илјадници документи од американската војска и разузнавање добиени преку законот за слобода на информации.
Во август 2010 во спортска торба во Лондон беше откриен труп на шпион на МИ6. Полицијата процени дека смртта "најверојатно била несреќен случај". За разлика од нив тајните служби на Британија и САД тврдат, врз основа на тајни податоци, дека тој е убиен заради неговата работа на Русија.
Неколку часа откако Интерсепт го објави доверливиот извештај на НСА за руското мешање во американските избори веќе имаше налог за апсење на изворот на документот. Грешката е и кај изворот и кај медиумот.
Во потег толкуван како "хакерски еквивалент на бомба, ако не и на повеќе бомби", хакерската група Шадоу брокерс во петокот го објави пакетот програми што американското разузнавање го користи за хакирање компјутери и со кои лесно може да се влезе во милиони Виндоус машини.
Документи од 2012-та покажуваат дека НСА има собрано технички информации за функционирањето на 70% од мобилните мрежи во светот (701 од 985 мрежи) и има листа од 1.201 е-маил "селектор" кој се користи за пресретнување на детали за компанијата од кореспонденцијата на нејзините вработени. (Селектор е термин на НСА за уникатно идентификување на меил или телефонски број.)
Анализирајќи од денешен аспект, целиот план на Сноуден за објавување на тајните на НСА изгледа како детално разработена кореографија која треба да предизвика што е можно повеќе штета на надзорниот апарат на САД.
Американската влада со години тајно имала (backdoor) пристап до целата опрема што ја продавале најголемите американски компании, вклучувајќи ги Дел, Циско, Џунипер, АјБиЕм, Вестерн Дигитал, Сигејт, Макстор и други.
По сите скандали кои излегоа од шпионирањето на НСА, Сенатот одлучи да превземе мерки кои ќе гарантираат промена во нивната работа преку измени во буџетот на организацијата - ќе им го зголеми буџетот за 75 милиони долари, за во иднина да не им се случи уште еден Сноуден.
Графички дизајнер создал фонт за кој тврди дека не може да биде прочитан од владините и корпоративни шпиунски софтвери. Дечкото не е шарлатан, има работено за самата НСА.
ЦЕО-то на Јаху доби поддршка од Марк Закерберг, против критичарите кои тврдат дека технолошките компании направиле премалку за да го спречат шпионирањето од страна на НСА. Мајер претходно откри дека сите директори што ќе објавеле владини тајни ги чекала затворска казна.
Иако не негираат дека и помагале на НСА, проблемот на двете компании е што цело тоа време тие биле спречени од агенцијата да ја известат јавноста какви податоци даваат и за што.
Откако биле покриени правните (и морални) основи за предавање на сите можни информации околу приватниот живот на твоите корисници на главната шпионска агенција во земјата, технолошките компании, меѓу кои Фејсбук, Гугл, Јаху и Микрософт, добиле и финансиски надомест од НСА.
Барак Обама уверуваше дека сите прислушувања на НСА откриени од Сноуден се воделе според законите и стриктните процедури. Самата НСА инсистираше дека остапувањата од прописите се безначајни и се должат главно на компјутерски грешки. Да зумираме во бројките.
ЕУ прописно се згрози од аферата околу прислушувањето американски граѓани од нивната национална безбедносна служба та дури и се закани со затегнување на трговските односи со САД заради одбрана на граѓанските слободи. ОД Америка стига одговор: "А да не ни глумите монахињи"?
Постојаниот мониторинг на мобилните разговори, Гугл, Скајп, Фејсбук месинџер и слично, помага само за шпионирање на граѓаните, затоа што терористите одамна ги нема на овие платформи.