Агенцијата им исплатила милиони долари на компании за трудот и трошоците потребни за синхронизирање на нивните системи со потребите на НСА.
Во основа, главното барање на НСА било компаниите да го одделат меѓународниот интернет сообраќај од домашниот. Парите во најголем дел оделе на добивање на потребните сертификати од ФИСА судот (Foreign Intelligence Surveillance) дека компаниите успешно го имаат поделено интернет сообраќајот.
Во своја одбрана, дел од компаниите коментираат дека постојните федерални закони и налагаат на Администрацијата на компаниите да им ги надомести трошоците направени "за да се спроведат задолжителните нови процеси наметнати од Владата."
Актот за амандмани на ФИСА и дозволува на НСА без судски налог да ја следи комуникацијата на странските државјани кои не се на американско тло. Меѓутоа, документите објавени од Сноуден покажуваат дека НСА собирала и голем број на американски мејлови и телефонски разговори, намерно и ненамерно, пред се затоа што не била во можност чисто да ги одвои домашните комуникации.