Само во рок од 48 часа, за 400-те работни места аплицирале 20.000 луѓе. Неочекуваниот наплив на луѓе ги блокирал и серверите на ИКЕА во Шпанија.
Според овие бројки за едно работно место (во ИКЕА) аплицираат 50 луѓе. Чисто за споредба ова е три пати повеќе отколку што минатата година имало заинтересираност за Харвард.
Овие 20.000 апликанти се луѓето кои успеале да се пријават во првите 48 часа, пред да паднат серверите. Моментално пријавувањето е ставено на пауза, а кога ќе се среди техничкиот дел тоа ќе продолжи до 31. декември.
Сегашната стапката на невработеност во Шпанија е 26%, а меѓу младата популација (20 години) таа е два пати поголема.