Во интервју за Фокс, Роб Форд не само што изјавил дека е сигурен дека повторно ќе биде избран на позицијата градоначалник, туку дека "еден ден сака да се кандидира за премиер" на Канада.
Тој изјавил дека во моментот е на терапија и инсистирал дека не страда од зависност. Освен тоа секој ден вежбал со тренер по два часа.
Претходно во интервју за СиЕнЕн, Форд изјавил дека и порано ќе признаел за пушењето крак, доколку му биле поставени правите прашања.
"Некој да дојдеше и да ме прашаше, дали некогаш си пушел крак? Дали некогаш си пушел трева? Јас ќе му речев 'Да!'
Ама кога ќе дојдеш и ќе ме обвиниш дека сум зависник од крак и после ќе ме прашаш 'Дали пушиш крак?' Нормално дека не," порачал градоначалникот.
Минатата недела канадските судови објавија документација од речиси 500 страни со наводното користење дрога и сексуалното малтретирање од страна на Форд.