Пентагон бон-тон: прашај пред да донесеш бомба

Звучи очигледно ама Пентагон чувствува дека има потреба да ги потсети своите вработени: прашајте ги претпоставените пред да донесете бомба на работа.

Меморандумот за не носење бомби бил инспириран откако цивил што работел за Морнарицата на приемно во Пентагон дошол со бомба (која не била функционална).

Нема официјално соопштение зошто тој ја донел бомбата, ама се претпоставува дека требал нешто да презентира во врска со неа пред претпоставените. Освен што е седиште на Департманот за одбрана, во Пентагон се сместени и помали агенции специјализирани за импровизирани експлозвини уреди (IED) и бомби.

Иако од надвор е направен како тврдина, до неодамна вработените на Пентагон можеа да влезат во зградата без да минат низ детекторите за метал. Засилените безбедносни процедури следуваа откако надворешен соработник на Морнарицата уби 12 луѓе на пристаниште на Морнарицата во Вашингтон.

По инцидентот со бомбата, директорот за безбедност на Пентагон, Стивен Калвери, напишал меил до сите вработени во кој им порачува да ги известат своите шефови доколку планираат да донесат бомба во зградата.

5 декември 2013 - 15:11