Деновиве францускиот весник Nice Matin ја објави снимката од безбедносната камера од грабежот. На неа крадецот крајно смирено со пиштол влегува во дуќанот, го вперува кон тројцата стражари и сопственикот, ја подигнува торбата со дијаманти и си заминува.
Кражбата вкупно трае помалку од една минута, а крадецот кој бега со 72 парчиња накит се уште не е фатен.
Видеото не и помага многу на полицијата, бидејќи тие уште тогаш соопштија дека лицето на крадецот не се гледа, затоа што тој носел капа и марама. Веднаш по кражбата беа понудени 1 милион долари за каква било информација околу кражбата.