Витерс со уште еден пријател, инаку поранешен бездомник, почнува 5 пати неделно навечер да излегува низ Питсбург и да ги обиколува местата на кои се собираат бездомниците. Додека Витерс се занимава со нивната здравствена состојба, неговиот партнер, Мајк, им дели храна.
Најголемиот дел од бездомниците кои Витерс ги лекува не ни помислуваат да отидат на доктор, а негов најголем проблем е како да ги натера најсериозните случаи да прифатат болничко лекување.
Пред да ја започнат целата работа, главниот совет од Мајк бил дека не смее да се облекува како доктор и да се однесува надмено кон бездомниците, ако сака да ја стекне нивната доверба.