Иако просекот е 12.000 километри, некои од репрезентациите за да стигнат до финалето ќе треба да минат и до 19.000 километри (нормално некои и помалку). Во целата оваа математика е вклучено само патувањето со авион, а комплетно е исклучен трансферот со автобус од тренинг камповите до стадион или аеродром.
Моментално само 8 репрезентации ги имаат избрано своите тренинг кампови, а на останатите на располагање им се 83 локации за да изберат база за Мундијалот. Според тоа како ја имаат избрано својата база, САД за сега ги чека најмногу пат, а Аргентина најмалку.
Само за натпреварите по групи, Американците ќе треба да извозат 14.240 километри, додека во истата фаза Аргентинците ќе минат 3.355 километри.
Кога ќе се соберат и натпреварите од останатите фази, ова значи дека ако по некоја случајност во финалето играат Аргентина и САД, Американците ќе имаат поминато над 11.000 километри повеќе од Аргентинците.