Човекот што веќе не смее никого да тужи

Чувствувајќи се оштетен од тоа што лошо си минал на одмор, Канаѓанец решава да ја тужи Доминиканската република затоа што му врнело додека бил таму. Му се паѓа судија што веќе нема трпение за ликови како него.

Бруно Ледук од Квебек повеќе нема да може да поднесе ниту една тужба против кого било, доколку за тоа претходно не добие одобрение од судот.

Оваа казна му е доделена од судијата во неговата последна тужба, во која бара пари од Доминиканската република затоа што му врнело кога бил на одмор.

Не станува збор за некој пис судија, туку Ледук е познат по тоа што постојано седи во судот и само тужи некого. Од 2000-та до денес тој има поднесено 70 тужби против поединци и мали бизниси.

Во овој период, од тужбите тој има извадено 114.000 долари. Меѓу парниците има и тужби како случајот против синџирот супер-маркети Костко, во кој бара 500 долари затоа што на вработените им требало премногу време за да ја натоварат косилката за трева во неговата количка.

9 декември 2013 - 13:28