Во 2011-та кинески хакери ги нападнаа компјутерите на повеќе министерства за надворешни работи низ Европа, со цел да дознаат каков е ставот на европските држави во однос на САД пред Г20 самитот.
Главниот начин за прекачување преку фајрволот биле "spear phishing" напади, во кои нуделе голи фотографии од Бруни. Постапката била следна:
- на мејлот на дипломатите била испраќана порака со линк до голи слики од Карла Бруни, жена на тогашниот француски претседател Николас Саркози.
- во моментот кога заинтересираниот дипломат ќе кликне на линкот, хакерите добиваат пристап до твојот компјутер.
Добар дел од дипломатите не му одолеале на линкот и кликнале. Во целата работа полицијата не можела да открие кои фајлови биле ископирани од напаѓачите.