
Моментално целиот канализационен систем во градот се чисти со исти методи како и пред сто години. Работникот се симнува во дупката со кофа и мотика или лопатче, со кои треба да ја исчисти шахтата.
Од заштитна опрема работниците имаат само шлем и обични гумени чизми. Во текот на годината, тие мора барем еднаш да ја исчистат секоја од 15-те илјади шахти низ градот.