
Се повеќе бели Европејки, од кои мнозинството Германки, одат на одмор во Кенија, "ловејќи" припадници од племето Масаи за секс и евентуално заеднички живот. Целата работа најчесто се развива преку фан групи на Фејсбук и форуми на кои има информации и упатства за патувањето до Кенија и локациите кои треба да се посетат.
Откако ќе стигнат таму работата се развива спонтано, во најголемиот број случаи нема макроа и слични посредници. Жените одат на плажа, а таму речиси секојдневно патролираат локалните Масаи или некој од конкурентите.