Американскиот департмент за здравство нарачал 14 милиони дози калиум јодид, соединение кое го штити телото од радијација и се користи како интервентна заштита после тешки нуклеарни хаварии.
Ова соединение го спречува радиоактивниот јод да биде апсорбиран во тироидната жлезда и е наменет за жртви од нуклеaрни непогоди.
Според актуелните американски регулативи, населението кое живее во радиус од 16 километри од нуклеарна централа се охрабрува дома да држи резерви од калиум јодид, иако тоа не е задолжително.
Владина набавка со вакви димензии е без преседан во последно време.
Некои сугерираат дека надлежните служби можеби процениле дека нуклеарниот отпад од инцидентот во Фукушима би можел да дојде до западниот брег на САД, но нема потврда за ваквите шекулации.
"Владите не сакаат да предизвикуваат паника меѓу населението а таа се избегнува ако на граѓаните им се премолчи вистината. Клучното прашање е дали нашата Влада би се двоумела да нè предупреди на потенцијална катастрофа, само за да не паничиме? 14 милиони дози калиум јодид нè тераат да мислиме во тој правец," предупредуват од контроверзниот сајт на Алекс Џонс.
Минатиот месец беше обелоденето дека 71 американски морнар кои помагаа во првите мигови од инцидентот во Фукушима сега ја тужат јапонската компанија откако дома се вратиле со леукемија, рак на тироиди и мозочни тумори како резултат на изложеност на радијација 300 пати поголема од дозволената.