Лондонската фирма SRE Minerals Limited објави извештај во кој се проценува дека Северна Кореја поседува 216 милиони тони тн ретки елементи од почвата во која спаѓаат оксиди, ретки метали и минерали.
Во остатокот од светот има уште 110 милиони тони депозит од вакви елементи кои се користат во многу софистицирани технологии, од изработка на мобилни телефони до наведувачки проектили.
Одамна се знаеше дека Северна Кореја лежи на огромни резерви на ретки елементи но последнава јавно објавена проценка е далеку повисока од претходните естимации по кои Кина беше лидер во оваа сфера.
Користењето на ретките елементи е поврзано со низа технички предизвици меѓутоа во овој случај најголем проблем за остатокот од светот е политичката клима во Северна Кореја.
Во мирољубивиот период меѓу двете Кореји во 90-тите, компании од југот дебело инвестираа во бизнисот со минералите за подоцна да ги изгубат инвестициите со порастот на тензиите меѓу двете земји.