Штрајкувачите се составени од хигиеничари кои не се под синдикат, работници под привремен договор и други работници кои се задолжени за одржување на зградите на Пентагон.
"Се преселив да живеам со моите родители бидејќи не можам да плаќам кирија. Забите ми се распаѓаат. Не можам да си дозволам да одам да ги поправам забите. Се уште заработувам по 9 долари на час. 8 години немам добиено покачување, ниту еден цент. Не можам да стигнам да ги плаќам моите сметки. Ми требаат повеќе пари," изјавил 52-годишниот Џером Харди, кој работи на чистење и готвење во Пентагон.
Моментално договорите на федералните агенции и институции за аутсорс на најразлични ниски работни задачи вредат околу 81 милијарда долари, а преку даноците се субвенционираат околу 2 милиони вакви работни места (за кои платите се околу 12 долари од час).
Обидот на штрајкувачите да добијат поддршка од Белата куќа и Обама, сега за сега е не успешен. Претседателот на Советот на економски советници на Обама, Џејсон Фурман, избегна да одговори на прашањето на оваа тема поставено од еден конгресмен од демократите, објаснувајќи дека целата работа ќе треба да се решава на национално ниво за сите сектори.