Мафијата уби 3-годишно дете заради долг

3-годишниот Никола Камполонго, заедно со неговиот дедо и кумот, беа застрелани а потоа нивните тела и запалени во автомобил зад една фарма во Калабрија. Италија збесна после веста.

Телото на Никола (Коко) и двајцата мажи е откриено во изгорено Фиат Пунто. На кровот на Пунтото имало нова монета од 50 евро центи, што според локалната полиција значи дека 3-кратното убиство е одмазда за неплатен долг за дрога. Дедото на Коко претходно е осуден за трговија со наркотици и отслужувал 8-годишна условна казна во куќен притвор (само навечер). Кога дедото не се пријавил во полицијата во редовниот термин, инспектори излегле да го побараат под претпоставка дека избегал од градот и дека го зел внукот со себе.

Ова трае неколку дена се додека еден ловџија не го забележал запалениот Фиат и ја пријавил ужасната сцена што ја открил. Јагленосаното тело на дедото било во багажникот, кумот бил на предното седиште, а Коко во детското седиште зад него.

Убиството на 3-годишното дете предизвика ужасување низ Италија. Папата го нарече убиството "гнев без преседан" и побара верниците да се молат за малото дете.

Тој е најмладата жртва на кое било мафијашко убиство во Италија.

Никола е дете двајца дилери на дрога, а единствен пат кога тие го имаат видено него е во јуни 2011-та кога некој го однел детето во затвор кај родителите.

29 јануари 2014 - 12:47