Исламистичките радикали од Кавказот и Чеченија беа едни од оние групации кои со своите закани со месеци сееjaа незивесност како ќе пројдат Зимските Олимпијски игри во Сочи. Заради таквите најави западните медиуми направија речиси хистерична атмосфера во која само се чека денот кога ќе почнат да се бројат мртвите.
Да не кобиме бидејќи Олимпијадата не е готова меѓутоа судејќи по последните потези во терористичките кругови, тие веќе не веруваат дека ќе успеат да ги остварат заканите па се свртеа кон молитви.
Сега бараат верниците да му се молат на Алах да го срамни со земја Сочи и со свои зборови да ги прекине "сатанските игри на муслиманските гробови".
Знаеме како руските неверници - кои со векови се борат да го окупираат Кавказот - станаа толку арогантни да решат да ги одржат Сатанистичките игри на тлото на кое нашите браќа го донесоа Исламот. На неверниците во Сочи Алах нека им донесе земјотрес каков што не виделе a а потоа нека ги удави во поплава. Игрите се атистички и сатанистички, свињите решија да ги прават на земја на која нашите предци гинеа за Исламот", стои во молбата до Алах на радикалите од Ингушетија.