Зошто сите американски нуклеарки се нанишанети кон Русија

Американските интерконтинентални ракети се уште насочени во ист правец како што беа и за време на Студената војна, кон Русија. Американците имаат 450 вакви ракети и заради географски ограничувања, секоја од нив може да ја нападне Русија.

Заради локацијата на силосите и потенцијалната траекторија на ракетите, за да погодат некоја мета во Источна Азија или на Блискиот Исток, американските ракети прво ќе треба да прелетаат преку Русија. Нешто што инстантно ќе предизвика интервенција од руска страна.

Американците со време се подготвија за ваквата евентуалност, па ако дојде ред да треба да срамнат со земја некоја нација тие на располагање имаат подморници и Б2 бомбардерите, кои можат да ја завршат работата без притоа да предизвикаат војна со Русија.

Освен ова проблем со интерконтиненталните ракети е што тие мора да бидат лансирани во рок од неколку секунди, максимум неколку минути, за да можат да го преживеат потенцијалниот напад и да направат некаква штета кај непријателот. Ова е проблем, затоа што краткото време не дозволува да се потврди дали станува збор за лажно предупредување.

"Поддржувачите на интерконтинентални ракети тврдат дека на САД им треба супериорност во бројки кај нуклеарното оружје за да ги спречи останатите држави да направат сопствена залиха која би го нарушила балансот на нуклеарните сили.

За подобра перспектив: САД има вкупно 4.650 нуклеарни оружја, вклучувајќи и 2.000 веќе распоредени воени глави. Русија има приближно толку и моментално работи со американските власти на намалување на овој број. Наспроти нив, Кина се проценува дека има околу 300 нуклеарни оружја, што е 6% од арсеналот на САД. Само една нуклеарна подморница на САД може да собере 288 нуклеарни глави.

Дури и ако САД го намали својот арсенал на 900 нуклеарни оружја, Америка пак ќе има 3 пати повеќе оружја од Кина, на која ќе ти требаат уште долги години да се приближи до нивото и капацитетот на САД," пишува The Week.

22 јануари 2014 - 17:43