Самата Трирвелер има два претходни брака и 3 деца, а со Оланд цело ова време не беа ниту верени. Таа работеше како новинарка во магазинот Paris Match, меѓутоа одлучи да ја прекине својата кариера кога Оланд се кандидираше за претседател.
"Меѓу советниците (од Елисејската палата) има одредено ниво на антипатија кон неа. Други се повеќе резервирани околу неа. Меѓутоа она што беше впечатливо додека се развиваше оваа приказна е колку малку луѓе беа подготвени да излезат во јавност и да ја поддржат неа," објаснува уредникот на политичкиот сервис на новинската телевизија BFM-TV, Тери Анро.
Дел од аналитичарите сметаат дека новата партнерка на Оланд, ќе му помогне на претседателот за подобрување на рејтингот, бидејќи Гаје е далеку полесна за гледање отколку секогаш напнатата Трирвелер.
Самата Трирвелер влече дел од вината зошто јавноста е рамнодушна кон неа.
Нејзиниот најголем грев е што за време на парламентарните избори (неколку недели по победата на Оланд), на Твитер го поддржа кандидатот кој се бореше против Сеголен Ројал, првата партнерка и мајката на четирите деца на Оланд, со која тој живееше долги години пред да ја напушти за Трирвелер. Ројал ги изгуби изборите, со што Оланд изгуби и еден од потенцијалните коалициони партнери во парламентот.
Втора работа е што откако Оланд беше избран за претседател Трирвелер изјави дека не планира да биде "украс" за време на неговиот мандат. За ова веднаш доби критики. Во Франција, Првата дама нема официјален статус.
Неодамна додека беше во посета на внатрешноста на Франција, говорот на Оланд беше прекинат од една жена од публиката која извика "немој да се мажиш со Трирвелер, не ја сакаме неа."