Непристојниот предлог до Украина е таа да се откаже од дел од својата територија, а за возврат да стекне новооткриена почит од Русија. Нешто слично на она што Србија го доби за Косово.
"Западот може да одлучи овој пат да не се меша тука, меѓутоа само ако Путин ја признае сегашната влада на Украина. Тој ќе треба да обезбеди експлицитни гаранции, а Западот ќе треба да наведе кои точно се последиците на прекршувањето на ваквиот договор. За жал ништо од реториката или постапките на Путин не наведуваат дека тој ќе застане со Крим," изјавил Александер Мотул, експерт за Украина и професор на Рутгерс Универзитетот.
Меѓу останатите ставови на тема Крим и неговата иднина се:
- "Путин нема да оди подалеку од Крим, бидејќи тој постигна се што сакаше да постигне. Крим не е изгубен, Крим е готов," смета Џејмс Никси од лондонски Chatham House.
- Меркел директно му порача на Путин дека референдумот на Крим од 16-ти март за припојување на полуостровот со Русија е "нелегален."
- Литванскиот претседател им порача на ЕУ лидерите на вонредниот самит во Брисел, "да сфатат она што Русија пробува да го направи е да ги прецрта границите и мапите од крајот на Втората светска војна."
- За аналитичарот на од банкарската групација УниКредит, Ерик Нилсен, Путин се обидува да ги казни новите лидери на Украина: "Русија да го изгуби влијанието над Украина е една работа, меѓутоа да го изгуби присуството на Крим, а со тоа и пристапот до своите две главни флоти е сосема друга тема, и премногу голема работа за тие да можат да ја проголтаат."