Русија звецка со оружје во близина на границата со Украина но тоа е веројатно само правење атмосфера за останатите алатки со кои Путин ќе ја казнува Украина за направениот политички пресврт.
Затегнувањето на ситуацијата во Крим е оочекувано со оглед на составот: мнозинство Руси но и околу 35 проценти Украинци и Татари усојузени зашто вториве никако не би со Русија бидејќи се уште ги паметат страшните депортации од времето на Сталин.
А и руските емоции за Крим се разбирливи, со оглед на тоа што тој секогаш важел за занимална на руските цареви кои заради благата клима обожавале да престојуваат таму. iчим изазван, Хрушќов, кој е Украинец, решава да ѝ го даде Крим на Украина.
Главно, пари нема a економијата е најефикасниот начин на кој Путин може да ја контролира Украина. Новииот претседател Турчинов процени дека се потребни минимум 35 милијарди за да се дише следните две години.
Русија на Јанукович му вети 15 милијарди долари, стигнаа само три а повеќе во Украина од тој извор нови нема да стигнат. Со тој договор и цената на гасот отиде 30 посто подолу но и тоа е веќе готова приказна.
Се проценува дека коруптивната власт околу Јанукович, во последните три години има цицнато од економијата меѓу 8 и 10 милијарди долари.
Путин сега може да бира со што сè ќе ја удри Украина. Најсилното оружје му е гасот. На двапати, во 2006-та и 2009-та. Москва го сопре гасот за тогашните портокалови про-западни власти. Газпром сега би можел да бара веднаш да му биде исплатен заостанатиот долг од 1,6 милијарди долари.
Интересно е што сепак, најштетниот договор за гас по Украина го има потпишано Јулија Тимошенко која своевремено се обврза на Русите да им се плаќаат огромни количини гас (34 милијарди кубни метри годишно), без разлика дали Украинците ги потрошиле или не. Нормално, со истиот договор и се даде огромна моќ на локалната фирма поврзана со Тимошенко.
Равенката со многу руски непознати води кон ММФ. А ММФ би дошол со своите стандардни пакети мерки, кои бараат ригорозни кратења на трошоците. Дури и западните аналитичари се сомневааат дека сега е време за сериозни реформи бидејќи нив новата кревка владина колација тешко би ги преживеала.