Коментарите на интернет се некаде на ниво дека ова е "епска фотографија" и дека "ова е фотографија која во децениите што следуваат ќе ги полни учебниците по историја."
Според информациите од Твитер, станува збор за Микола Кузнецов, професор на Националната академија по науки на Украина. Не е јасно дали тој и син му биле дел од протестите против претседателот Виктор Јанукович или се нашле на погрешно место.
Фотографијата која Содел прво ја објави на својата Фејсбук страна, заврши низ сите можни интернет медиуми. Беше ретвитувана илјадници пати, доби илјадници шерови на Фејсбук и се појави во речиси сите галерии од немирите од Киев.
На друго видео од немирите се гледа како Кузнецов чека на ред за преврска пред возилото за Брза помош.