Иако уште од почетокот на протестите во ноември, Акметов и Фирташ забележуваат колку Јанукович тврдоглаво сака да остане на власт, тие му даваат поддршка преку луѓето во неговата партија и своите медиумски империи.
Ова е вака се до крвавите судири од минатиот вторник, кога во еден ден беа убиени 17 луѓе. Уште следниот ден, телевизиите на Акметов и Фирташ (Украина и Интер) го менуваат своето известување од плоштадот и почнуваат објективно да објавуваат за опозицијата.
Паралелно со ова, во парламентот владејачката партија која во изминатите неколку недели не отстапува ниту милиметар, решава да бара компромис. Во четвртокот беше јасно што значи ова: широка коалиција, враќање на стариот устав, намалување на претседателските моќи и претседателски избори.
Во петокот наутро Јанукович му се обраќа на народот однесувајќи се како уште да е главен. Тој објавува дека ќе побара нови избори, промена на уставот и создавање нова влада. Веќе до петокот вечерта Парламентот ги има старите овластувања, сменет е министерот за внатрешни работи, Јанукович е во бегство, а Тимошенко е на слобода.
Сето ова време, Акметов и Фирташ го контролираат мнозинството во владејачката партија.
Уште пред почетокот на кризата во ноември, на двајцата им станува јасно дека Јанукович нема долго да биде на власт. Тие разгледуваат алтернативи. Акметов цело ова време е во добри односи со Тимошенко и почнува да му дава поддршка на Арсениј Јацењук, кој тој го превзема водството коалицијата Татковина по затворањето на Тимошенко.
Во меѓувреме Фирташ му дава поддршка на УДАР на Кличко, за да се осигура дека во случај Тимошенко да излезе од затвор дека и тој ќе има свој противкандидат за претседателската позиција. (Со договорот кој Тимошенко го потпиша со Путин, и за кој беше во затвор, беше уништен еден од главните бизниси на Фирташ.)
Од овие двајца, Акметов е далеку помоќниот и на 47-годишна возраст се проценува дека вреди околу 15 милијарди долари. Тој е сопственик на System Capital Management, кој контролира околу 100 компании со вкупно 300.000 вработени (од металургија, до банки и медиуми). Акметов е дефакто владетел на Донбас (центарот на украинската тешка индустрија) и сопственик на Шахтјор. Тој доаѓа од сиромашно семејство меѓутоа успева во 90-те да го направи својот прв милион преку трговија со јаглен. Кон крајот на 90-те се запознава со поранешниот авто-механичар кој е назначен на чело на регионалната влада на Донецк - Виктор Јанукович.
Димитри Фирташ е врсник на Акметов, меѓутоа има далеку помало богатство од него (неполна милијарда долари). Тој исто така доаѓа од сиромашно семејство, а првите пари ги прави во Хонг Конг со трампа на кондензирано млеко од Украина, за памук од Узбекистан. По ова тој оди во Москва каде што го развива својот бизнис. И ден денеска, Русија и поранешните советски републики се неговиот главен пазар. (За разлика од него Акметов работи со ЕУ.) По крајот на Портокаловата револуција во 2009-та, Тимошенко потпишува сомнителен договор со Путин за снабдување на Украина со природен гас, со што го уништува бизнисот на Фиргаш. Во 2011-та Тимошенко заради ова оди на суд, по основа злоупотреба на позицијата и потпишување договор кој е штетен за Украина. Таа беше осудена на 7 години затвор и казна од 188 милиони долари.