Во последните денови од немирите во Киев, украинската опозиција е свесна дека кризата ќе се реши само со помош на парламентарците кои цело тоа време го поддржуваа Јанукович. За ова ним им требаше помош од Ринат Акметов и Димитри Фирташ, двајцата најмоќни олигарси во земјата, кои контролираа речиси половина од партијата на Јанукович.