Двојката го шетала своето куче кога забележала раб од стара лименка на една патека по која често пати минувале. Кога малку разбуричкале околу неа тие нашле вкупно 8 вакви лименки, полни со ретки златни монети од 19-от век, чија вредност се проценува на околу 10 милиони долари.
Во нив имало вкупно 1.427 парички од периодот меѓу 1847-ма до 1894-та и тие никогаш не биле пуштени во промет. Најретките монети меѓу нив се очекува да достигнат вредност од 1 милион долари.
Парот кој инсистира да остане анонимен планира да ги продаде сите парички, а парите освен за себе, планираат да ги споделат и со некои луѓе од нивната околина, плус еден дел би дале и во добротворни цели и за уметност.