Околу еден месец војниците сместени во базата на планина во провинцијата Пактика се под снајперски оган кој никако не можат да го откријат од каде доаѓа.
Решаваат да организираат симултана акција, од една страна тие со минофрлачи, од друга авијацијата. Пилотите ја добиваат локацијата што треба да ја бомбардираат, ама заради се уште непознати причини ја промашуваат.
Целата работа завршува без жртви, само затоа што пред почетокот на акцијата Првиот Наредник ги повикал сите војници да бидат на своите места. Да не било ова, најмалку 3-ца војници ќе биле убиени од шрапнели.