
Во шпионирањето се опфатени околу 1,8 милиони интернет корисници кои воопшто не биле осомничени дека нешто имаат згрешено, откриваат документите на GCHQ (Government Communications Headquarters) од 2008-ма и 2010-та.
Гардијан објаснува дека агенцијата нема технички капацитет за да се осигура дека некоја фотографија од британски или американски државјанин не е зачувана во системот, а според законот британските аналитичари можат без налог да пристапат до овие содржини.
Според откриените документи еден од најголемите проблеми на GCHQ бил како да направат "запленетите" сексуално експлицитни фотографии да не им бидат достапни на сите вработени. Се проценува дека меѓу 3 и 11% од сите фотографии собрани од агенцијата содржеле "непосакувана голотија."
"За несреќа, изгледа дека изненадувачки голем број на луѓе ги користат разговорите преку веб камера за да ги покажуваат своите интимни делови на други луѓе. Исто така, фактот што софтверот на Јаху дозволува еден корисник да го гледа туѓиот видео стрим без тој да мора да емитува од сопствената веб камера значи дека ова понекогаш може да се користи за емитување порнографија," стои во документите на GCHQ.
Видео сесиите меѓу двајца корисници на сервисот не биле комплетно снимани, туку на секои 5 минути се зачувувала по една слика од него.