Како "дополнителен час" се смета организирање избори во периодот кога часовникот се менува од летно во зимско сметање на времето.
Истражувањето го прави Роберт Урбач, од Ајова Стејт Универзитетот, и генералниот заклучок е дека колку се поодморени гласачите толку е поверојатно да излезат на гласање.
По основа на американските бројки (истражувањето се базира на неколку студии кои анализираат бројки од изборите од почетокот на 70-те до 2011-та) Демократите имаат предност во годините кога изборите се одржуваат веднаш по промената на времето, додека Републиканците имаат предност во останатите години.
Самиот автор на студијата признава дека разликата која ја прави дополнителниот час спиење е мала, ама стравот е дека тоа може да влијае на гласањата кои завршуваат со мала разлика.