Малезиските власти од очај во потрагата вклучија и шаман, кој наводно им рекол дека авионот е киднапиран од виленици и дека тој виси во воздух. Ова се некои од другите теории.
Авионот е киднапиран од терористи
Оваа теорија на своја страна има две информации: дека пилотот не испратил никаков сигнал за опасност пред авионот да исчезне. Второ: откритието дека двајца патници, Иранци, кои на исти ден пристигнале во Малезија биле на овој лет со украдени пасоши.
И локалните и меѓународните власти ја негираат поврзаноста на Иранците со тероризам, објаснувајќи дека едниот од патниците имал лажен пасош затоа што патувал кај својата мајка во Германија каде што планирал да бара азил. Освен ова, терористите секогаш гледаат да се знае дека тие извршиле некој напад.
За тие што не веруваат во оправданијата на властите, оваа теорија се дели во две хипотези. Првата е дека терористите кои го киднапирале авионот некако успеале да го потонат во океанот без да бидат забележани. Втората е дека авионот безбедно слетал и е скриен на тајна локација (што е едно од објаснувањата како телефоните се уште ѕвонеле).
Авионот е скриен под наметка за невидливост
Дел од теориите кои вклучуваат терористи објаснува дека огромниот авион е скриен под специјално електронско оружје кое може да ги нарпави авионите невидливи за човековото око и за радарите.
Измама за животно осигурување
Малезиски полициски началник на прес-конференција изјави дека може да станува збор за сложена осигурителна измама. Според Халид Абу Бакер "Може некој на летот купил осигурување за голема сума, и сака неговото семејство да ги добие парите или некој некому му должел многу пари... знаете ги разгледуваме сите можности."
Ујгури извршиле напад на авионот
Ујгурите се муслиманско малцинство од Западна Кина, кои цело ова време се против властите во Пекинг. Пред некој ден заклаа повеќе луѓе во напад на железничка станица во јужна Кина.
До сега само еден од патниците на авионот, 34-годишен сликар кој бил на изложба во Малезија, е идентификуван како етнички Ујгур. И покрај ова малезиските власти не ја исклучуваат можноста овие милитанти да се вклучени во исчезнувањето на авионот.
Северна Кореја
Под претпоставка дека авионот не се распарчил и дека слетал некаде, ама нема наметка за невидливост, тогаш единствена можна дестинација е Северна Кореја. Авионот имал доволно гориво за да стигне до Најдобрата Кореја, а притоа тој ќе остане во домет на мобилната мрежа, што го објаснува ѕвонењето на телефоните. Плус, Северот има и претходно минато со киднапирање авиони.
Авионот експлодирал во воздух и се распаднал
Ова е една од опциите за кои и инспекторите сметаат дека се возможни. Иако претпоставуваат дека нешто се случило на многу голема височина, по што авионот се распаднал, инспекторите не се сигурни дека станува збор за подметната бомба, бидејќи подеднакво иста штета може да предизвика и механички проблеми.
Исчезнат во нов Бермудски триаголник
Идејата е на малезискиот политичар Мухамед Низар Џамалудин, кој ја пиша оваа теорија на Твитер. Од тогаш го избриша твитот и се извини за тоа што го кажал.