Ако се земат во предвид десетиците илјадници војници што Русија ги распореди на украинската граница, не може да се сомнева дека Путин уште не направил нешто заради тоа што се двоуми.
"Капацитетот на овие сили е доволен да се освои речиси третина од Украина ако Путин го сакаше тоа, меѓутоа би било многу тешко да се задржи таа територија. Она што многу скоро би се случило е востание кое постојано ќе расте, а притоа ќе бидат нападнати неговите војници. Ова би била многу лоша ситуација. Мислам дека Путин не го сака тоа," изјавил Мајк Морел во интервју за СиБиЕс.
Анализата на Морел е дека сите војници што Путин ги испратил на границата со Украина, служат само за да и дадат подобра позиција на Русија во дипломатските преговори, бидејќи секакво влегување во земјата (освен она на Крим) ќе предизвика вооружен бунт.
За Морел телефонскиот повик од Путин за Обама значи дека тој чувствува дека има постигнато силна позиција во преговорите.
"Тој сега се обидува да го максимизира она што може да го добие преку дипломатија. Тој смета дека има силна позиција. Сега сака ние да седнеме на преговарачка маса," објаснува пензионираниот заменик директор на ЦИА.