Доверливите

Околу целиот скандал со НСА сигурно е тоа што тие барем внимаваат фајловите од прислушувањето да им се достапни само на дел од луѓето со специјално безбедносно одобрение. Тоа што во американската администрација има вкупно 5,1 милион луѓе со вакви одобренија, го прави овој дел многу голем.

Во рок од една година бројот на луѓе со специјални одобренија е пораснат за 200.000 илјади, со што вкупниот број на Американци со вакви дозволи е еднаков на вкупната популација на Норвешка.

Постојат две основни нивоа на одобрение "Доверливо" и "Строго доверливо."

Од овие 5,1 милион, 3,6 милиони се со ниво "Доверливо." Процедурата на проверки за добивање на ова ниво чини меѓу 210 и 272 долари. Во меѓувреме, за повисокото ниво процедурата е околу 20 пати поскапа и во просек чини 3.959 долари од човек. По овој курс, делењето на 1,5 милиони строго доверливо дозволи изнесува околу 5,9 милијарди долари.

Дополнителен проблем е што на околу 22% од луѓето со пристап до доверливи информации, дозволата им е истечена и никој не го контролира тоа.

Целата процедура за проверка на кандидатите за овие дозволи е аутсорсирана кај една единствена приватна компанија (U.S. Investigations Services), која минатата година беше обвинета дека за да ги оствари роковите поднела стотици илјади непотполни проверки на кандидатите.

25 март 2014 - 12:50