Говорот за Украина и Крим кој го раздрма германскиот Бундестаг

14 минутен манифест на лидерот на германската левичарска опозиција, во кој Грегор Гизи го расплете целото европско лицемерие околу кризата. Не дека е тој про -Путин туку затоа што Европа тешко се брани на ниво на нејзините декларирани принципи. Направивме синхронизација на целиот говор. 

Издвојуваме:

  • Дури и кога некој ги осудува постапките на Путин, тој мора да погледне и како дошло до целата конфронтација. И ќе ви кажам многу јасно: Сè што НАТО и ЕУ можеа погрешно да направат, беше направено погрешно.
  • Геншер и други министри за надворешни му рекоа на Горбачов: нема да се случи ширење на НАТО на Исток. Ова ветување беше прекршено. Се случи радикално ширење на НАТО кон Русија.
  • Беше донесена одлука за поставување ракетни станици во Полска и Чешката Република. Руската влада рече: "Ова преставува причина за загриженост за нашите безбедносни интереси, не го сакаме ова". На Западот не му беше гајле и сепак го направи тоа.
  • НАТО сериозно и постојано го нарушува[е меѓународното право во југословенската војна. Во меѓувреме ова беше потврдено и од поранешниот канцелар Шредер. Србија не нападна друга држава и немаше одлука на Советот за безбедност на ОН. Сепак беа фрлени бомби и за прв пат од 1945-та, со учество на Германија. На граѓаните на Косово им беше дозволено да се отцепат од Србија со референдум.
  • Во тоа време силно ги критикував овие прекршувања на меѓународното право и ви посочив дека со случајот Косово се отвора Пандорината кутија. Затоа што ако ова се дозволи во Косово, тогаш мораш истото да го дозволиш и во другите региони. Ме навредувавте. Не го сфаќавте ова сериозно.
  • Зошто не прашате судија дали кражба направена од благородни побуди не е кражба во споредба со кражба направена од неблагородни побуди. Тој ќе ви каже дека тоа останува кражба. Тоа е проблемот. Тоа е проблемот!
  • Русија со Елцин, кој често беше пијан, вие повеќе не ја сфаќавте сериозно. Ама ситуацијата се промени.
  • Украинското општество е длабоко поделено. Источна Украина е склона кон Русија, западна Украина кон Западна Европа. A vо овој момент, нема ниту еден украински политичар кој може да ги претставува двата блока на општеството.
  • На Мајдан, имаше многу демократски сили. Ама исто и фашисти. Западот беше директно и индиректно инволвиран. И потоа министерот за надворешни Стајнмаер, францускиот и полскиот министер за надворешни потпишаа договор за Јанукович и опозицијата. И сега вие Велите, г-не Министер за надворешни, Јанукович го поништил договорот со тоа што избегал. Погрешно. Луѓето на Мајдан го одбија договорот со големо мнозинство. А вие, г-не министер за надворешни, исто така не го промовираше таму договорот. И само откако тој беше отфрлен, Јанукович го напушти Киев. Потоа, Парламентот се собра, и тие го сменија од позицијата со 72,88% од гласовите. Сепак, според Уставот потребни се 75%. Сега г-дин Ротген и останатите велат, знаеш, за време на револуција не можеш буквално да го спроведуваш Уставот, што прават разлика неколку проценти плус или минус?...
  • Исто така, за време на гласањето, во салата беа присутни вооружени војници. Ова не е многу демократски. За време на референдумот на Крим во недела, исто така ќе има вооружени војници. Исто така не многу демократски. Интересно е и дека вие, г-ѓо Канцелар, велите, дека таков референдум е забранет со украинскиот устав. Па кога треба да се почитува Уставот, а кога не? Кога протерувањето на претседателот од функцијата е (дозволено), а референдумот за Крим не е? Треба да одлучите дали ќе го прифатите Уставот како целина или само во посебни случаи кога така ви се допаѓа.
  • Потоа се формираше нова влада. Директно прифатена од претседателот Обама, исто така и од ЕУ, исто така и од Германија. Г-ѓо Меркел! Заменик премиерот на оваа влада, министерот за одбрана, министерот за земјоделие, министерот за животна средна, јавниот обвинител... се фашисти! Првиот човек на националниот комитет за безбедност е ко-основач на фашистичката партија Свобода. Фашистите имаат важни позиции и доминираат, на пример, со безбедносниот сектор. А фашистите никогаш се немаат своеволно откажано од власта кога еднаш ќе освојат дел од неа. Барем Германија требаше тука да има повлечено линија, посебно заради нашата историја.
  • Сметките на Јанукович и неговите подржувачи се блокирани бидејќи украле државни фондови. Моето прашање е: Вие не го знаевте ова? Второто прашање: Зошто само нивните сметки? Што е со милијардите на олигарсите што ги поддржуваа другите, зошто не се вмешате и таму?
  • Дипломатијата има само еден исправен пат: Запад мора да ги призне легитимните безбедносни интереси на Русија на Крим. Истото го смета и американскиот секретар Кери. Мора да најдеме статус за Крим, со кој и Украина и Русија ќе можат да живеат. Мора да ѝ гарантираме на Русија дека Украина нема да стане член на НАТО.
27 март 2014 - 15:07