Главен проблем со санкциите против Русија е нејзината територија и големината на економијата. На страна тоа што е најголема држава во светот, на руската економија отпаѓаат 2,8% од светскиот БДП, 4,7% од меѓународната трговија со стока и 13% од меѓународно тргуваната нафта.
"Руската трговија и инвестициите се распоредени во различни сфери, што значи дека тие не се зависни од една единствена држава. Уште повеќе во извозот доминираат продукти за кои лесно можеш да најдеш алтернатива: на извозот на енергија отпаѓаат околу 66% од вкупниот извоз.
Руските инвестиции во странство (406 милијарди долари) и странските инвестиции во Русија (496 милијарди долари) се вршат преку финансиски центри, заради кои наметнувањето на санкции е уште попроблематично, иако сметаме дека најголемиот дел од имотот на странските инвеститори во Русија и најголемиот дела од луѓето кои ползуваат од странските инвестиции во Русија, се од земјите на ОЕСР," стои во анализата на тимот на Морган Стенли за руска економија и стратегија.
Како основа по која санкциите би можеле да имаат ефект се слабеењето на економскиот раст на Русија во изминатите неколку години, кој со санкциите би можел да биде дополнително искомпликуван. И мерките против влијателните Руси (забрана за патување, укинување визи и сл.) кои би го зголемиле притисокот во властите.