Процената е дека импотентност на САД во врска со ситуацијата предизвикала Путин предвремено да го исполни и последователно да го надмине оригиналниот план, заради што тој е на добар пат "да се обеси на сопственото јаже."
Како доказ за ова се наведува се посмирената реторика на Русија (по неколку недели пуштање ишарети за инвазија на Источна Украина), и се поголемата веројатност дека Путин ќе ги поддржи претстојните претседателски избори во Украина наместо да им се спротивставува, иако постои голема веројатност дека ќе победи про-Европски кандидат. Плус европските и американските преговарачи велат дека и тонот на преговорите е далеку поолеснет во споредба со почетокот.
Главното објаснување е дека проблемите на Путин се чисто економски. За да нема заблуди овие економски проблеми најмалку се поврзани со санкциите што и беа воведени на Русија.
"Без разлика дали американската и европските влади ќе воведат санкции на руската економија, глобалните инвеститори сами ги носат своите одлуки, и тие изгледа одлучија дека однесувањето на Русија ја направи земјата ризично место за инвестирање пари. Толку ризично што тие почнаа и да ги повлекуваат парите," пишува авторот Макс Фишер, кој на американските санкции единствено им признава дека можеби успеале малку да ги подисплашат инвеститорите.
Од страна на Обама, убавото во сето ова е што САД не мора ништо да направат за да ја казнат Русија, бидејќи "таа е казнета од безличните сили на глобалната економија." Дополнителна вредност е што мирувањето на американската администрација не и дава материјал на руската медиумска машинерија за оправдување на целата ситуација.