"Мислам дека Американците научија дека е потешко да ги завршиш војните отколку да ги почнеш. Сепак, ова е како завршуваат војните во 21-от век, не преку церемонии за потпишување, туку со одлучни удари против нашите противници, транзиција во влади кои победиле на избори, безбедносни сили кои ќе го превземат водсттвото и целата одговорност," изјави Обама во говорот во кој објави крај на војната.
Ова е како заврши војната во Авганистан, исто како што завршија сите војни на Америка од Втората светска војна до денес. Прво беше Кореа, кој технички се уште е војна бидејќи нема никаков мировен договор, само примирје. Потоа следува паничното повлекување на САД од Сајгон. По долги години мирување, истото им се случи на Американците и во првата Заливска војна, кога тие се повлека, а недовршената војна ја заменија со забрана за летови и трговско ембарго.
"Крајот на војната во Авганистан не е ништо поразличен. Таа завршува на ист начин како и другите војни, со една голема разлика. Само овој пат САД беа нападнати, жртвите без цивили, а копнежот за одлучна победа беше јасен исто како и за Перл Харбор. А сепак, има многу малку одлучност во Авганистан и покрај се што испративме, поторшоивме и изгубивме," пишува главниот известувач на СиБиЕс, Мајор Гарет.
Неговиот заклучок е дека Американците можат да си заминат од Авганистан кога и да посакаат, ама "ние копнеевме за победа чија текстура и вкус ќе беа јасни или барем компаративно подобри по шмек отколку Кореа, Виетнам и првата Заливска војна. Обама признава дека текстурата е необработена, а вкусот рамен - исто како и најголемиот дел од Авганистан."