Не праќајте оружје во Украина

По претседателските избори во Украина воскресна идејата дека САД треба да и помогне на земјата (како што тоа го прави секогаш кога помага) и да и испорача оружје. Теоретски ова е добро затоа што ќе покаже дека САД стои зад новата влада. Во пракса ова е лошо затоа што ќе создаде погрешна претстава дека САД планира да се потруди околу Украина.

За разлика од останатите поранешни републики на СССР, Украина наследува голем и софистициран дел од одбранбената индустрија на Советскиот сојуз. Во земјата се произведува се' од интерконтинентални ракети, мотори за хеликоптери, тенкови, морнаричко оружje, до лесно оружје (таа е најголем извозник на полуавтоматски пушки во САД во 2012-та).

Иако армијата страда од запоставување и погрешен менаџмент како и остатокот од земјата, "украинските офицери кои посетуваат професионална воена обука во САД и останатите НАТО држави, имаа корист од ова искуство."

"На Украина и е потребна помош, ама помошта што и треба не може да биде ограничена на испорака на воена опрема. На неа и треба реформа на вооружените сили и на полицијата. Конфликтот со Русија останува проблем, ама поголема и поитна закана е зголемувањето на бројот на милиции, банди и сепаратисти во источна Украина, каде ефективна акција од компетентна полиција лојална на државата и на нацијата би ја спречила трагедијата која сега се случува.

Голем дел од полицијата доби пари за време на револуцијата. Ова создаде безбедносен вакуум, а истовремено и голем број на способни регрути кои ќе помогнат да се пополнат редовите на сепаратистите. Ќе бидат потребни години, дури и децении, за Украина повторно да ја изгради својата полиција и војска. Во отсуство на вистински безбедносни реформи никоја количина на американско оружје нема да ја заштити Украина од Русија или од самата себе," пишува Јуџин Румер директорот на Карнеги програмата за меѓународен мир за Русија и Евроазија.

4 јуни 2014 - 10:26