Во Франција, 30% од гласачите помлади од 35 години гласаа за Националниот фронт, чиј основач предложи дека имигрантската популација во земјата треба да биде разретчена со ебола. Само 21% од гласачите над 60 години гласале за Националниот фронт. Во исто време Социјалистичката партија на Оланд доби само 15% од гласовите на популацијата под 30 години.
Во Британија, Партијата за независност (UKIP) доби 13% од гласовите на популацијата меѓу 18 и 24 години (што е 2% повеќе од Партијата на зелените). Главна цел на партијата е Британија да ја напушти Унијата, бидејќи според нив ЕУ во основа ја уназадува земјата.
Во Германија на минатогодишните избори 20% од гласачите под 30 години гласаа за мали партии, кои генерално имаат евро-скептична идеологија. Во 2005-та, оваа бројка изнесувала 7%. Во неделата, евро-скептиците АФД (Alternative für Deutschland) освоија 6 германски седишта во парламентот на ЕУ.
"(Чувството меѓу младите е дека) некој далечен функционер во Брисел, кој не го избрале и е без речиси никаква одговорност пред нив, ќе им забрани на гласачите да решаваат некои од легитимните работи околу даноците и трошењето на јавните пари, а тоа за нив не е демократски и ги оддалечува луѓето од Европската Унија," изјавил поранешниот економски советник на Баросо, Филипе Легреин.