Таг: десница

Баучот на десницата кружи над Европа

Како дојде до тоа либералните корифеи да бидат најгласни застапници на цензура и гушење на слободата на говор... во име на демократијата? Дали проблемот со сексуалните малцинства е навистина многу поголем од оној со глобалната сиромаштија? Како во либералниот свет има секогаш пари за финансирање војни, а нема за здравствена и социјална заштита?

Левицата и десницата зборуваат на различни јазици - буквално

Студијата се однесува на САД, каде анализата на онлајн коментари покажале дека либералите и конзервативците користат различни зборови за слични искази. Како да зборуваат не на некаков сленг, туку на сосема различен јазик. 

Црвен плашт наместо црвена петокрака: „припитомувањето“ на НОБ

Глобалниот феномен на „Приказната на слугинката“, романот на Маргарет Атвуд и истоимената серија снимена според него, инспирира мноштво политички, идеолошки и дистописки толкувања. Но она што притоа го забораваат оние кои го слават ова дело, особено од феминистички ракурс, е фактот дека главниот лик, оној на слугинката Офред, е аполитичен. Како нејзин пандан нашиве простори можат да понудат многу појаки примери.

Европа мора да најде начин да работи со популистите

Пред две години во интервју за Ле Монд, Жан-Клод Јункер изјавува: „со крајната десница не е возможна никаква дебата или дијалог.“ Пред некој месец на чело на една од најголемите економии на Унијата дојдоа токму крајно десните.

Ќе испаднеме од втора лига, ама фашист нема да игра за нас

Синоќа истече рокот за трансфери на фудбалери во поголем дел на Европа. Шпанскиот Рајо Ваљекано договорил позајмица со Украинцеот Роман Зузулија, но поради неговите десничарски ставови, навивачите на клубот не го сакале во екипата.

Зошто малцинствата гласаат за крајна десница?

Историски на спротивставени страни, малцинствата и радикално десничарските партии во Европа стануваат неочекувани сојузници. Првите затоа што во десницата гледаат единствена ефикасна заштита од радикалниот ислам, вториве заради добивање поширок кредибилитет во јавноста.

„Излез десно: луѓето кои ја напуштиле левицата“

И кај нас има политички вртикапи кои ја менуваат нивната определба секогаш кога ќе проценат дека тоа им се исплати, вадејќи се на „развој“ на нивните убедувања, кои и не се баш убедливи. Оваа книга е за шестмина американски интелектуалци кои идеолошки свртеле од лево кон десно, a aвторот се обидува да сфати зошто, и како.

Кога гласачите на левицата и на десницата ќе ѕирнат во профилите на „другата страна“

Не се работи само за тоа да влезеш во нечиј туѓ фејсбук профил. Се работи за влез во туѓа реалност, која не си ни знаел дека постои.

Кој е најрасистички клуб на светот?

Ја потресоа фудбалска Европа во сезоната 2012/2013, кога нивниот клуб Беитар Ерусалим ангажираше двајца чеченски фудбалери, а групата Ла Фамилија се закани дека ќе ликвидира членови на управата ако не ги избркаат. Долго време имаат поддршка од израелската десница и од Бенџамин Нетанјаху.

Европа е добро... за сега

На последните парламентарни избори во ЕУ партиите од центарот го задржаа удобното мнозинство што и до сега го имаа во однос на остатокот. Проблемот е што за разлика од претходно, сега во остатокот има многу радикални националисти, избрани од многу млади луѓе.

Леви распука по француските десничари

Вознемирен од можниот успех на радикалната десница на локалните избори во Франција кои се во тек, Бернар-Анри Леви на својот сајт објави список имиња и обвинувања за нејзини членови и функционери. Французите, а богами и цела Европа, треба да знае.