„Сè беше недоразбирање. Тој нема никакви нео-нацистички врски и ставови“, изјави директорот на Рајо Ваљекано Луис Јанез за COPE и изрази задоволство што трансферот со Бетис за Украинецот е договорен.
Така не мислела и навивачката група „Буканерос“ која што е светски позната по тврдите анти-фашистички ставови и борба за работничката класа. Ваљекано е предградие на Мадрид кое уште во времето на режимот на Франко важело за тврд орев на десно-ориентираните и фашистите (за нив повеќе тука).
Навивачите на второлигашот Рајо Ваљекано екстремно се противеле на тоа играч на клубот да стане Роман Зузулија којшто учествувал во барање волонтери за учество во конфликтот меѓу Украина и проруските бунтовници во областа Донбас.
Зузулија е долгогодишен украински репрезентативец кој неколку пати постираше фотографии со автомати во рацете и со знамето на контроверзниот лик од украинската историја Степан Бандера кого го сметале за соработник на фашистите.
Зузулија, кој сезонава одигра 6 меча за Бетис изјавил: „Сакав само да му помогнам на клубот да се врати каде што заслужува. Моето доаѓање во Шпанија стана бурно откако еден новинар кој малку знае за мојата земја напишал дека сум носел неонацистичка маица на некоја група, а јас носев само маица со грбот на Украина и стихови од Тарас Шевченко којшто го учеле во сите школи на СССР“.
Најголема штета од целата збрка ќе има и Зузулија кој сезоната ја почна како играч на Днипро, па замина во Бетис, а сега потпиша и со трет клуб поради што веќе нема право да настапува за ниту една екипа до крајот од сезоната.Незадоволна е и управата на Рајо која што морала да попушти пред притисокот на навивачите.
Ваљекано во моментов е 17-ти во втората шпанска лига Сегунда и грчевито ќе се бори да опстане во лигата.
Pancarta en la Ciudad Deportiva en contra del fichaje de Zozulya: pic.twitter.com/Td0S6sJMFS
— Unión Rayo (@UnionRayo) February 1, 2017