Таг: сегунда

Кога Осасуна купи меч против Бетис за да не испадне, па ги открија и испозатворија

Секоја сезона во последните пар кола пред крајот, се води жестока битка за еврокупови, за титула, за опстанок во лигата. Во цела таа хаотична трка некогаш не се бираат средства да се оствари целта. Ама некогаш се преминува границата, како пред 6 години во Памплона.

Судија исклучи играч, после ВАР го врати од соблекувална, па пак го исклучи

Скроз е подруго кога се гледа од телевизија, од ВАР соба, од трибини, со она што главниот судија на мечот го гледа во живо меѓу играчите. Во Шпанија поради тоа се случи најлудата епизода.

Бајката на Гранада - лидер во шпанскиот фудбал кој ја урна Барселона

Во ситуација кога Барселона и Реал Мадрид потрошија по 200 до 300 милиони евра на трансфери, кога ќе се погледне првопласираната екипа на табелата во Шпанија, ретко кој не прашува да не е некоја грешка.

Мајорка се врати во Ла Лига после 6 години и тоа на луд начин

Во втората шпанска лига Сегунда заврши плејофот за место во елитната Ла Лига од следна сезона. Мајорка го изгуби првиот меч од Депортиво Ла Коруња со 2:0 и кога сите се помирија дека се е готово, островскиот тим направи чудо.

Шпанскиот голман кој последен се смее

Шпанска трета лига, играат Унион Андарве и Сан Себастијан. Првиве пред испаѓање, вториве трети на табела и се борат сериозно за втора лига. 90-та минута од мечот, гостинскиот голман Руди прави глупост, па...

Како еден гол на Осасуна му спасила живот на Шпанец

Фудбалот, а општо и секој спорт често знае да донесе неверојатни пресврти. Епизода на луда среќа ни доаѓа од Андалузија.

Ариц Адуриз - Несудениот лизгач кој стана легенда на Билбао

Пред три дена наполни дури 37 години но тоа не му смета да е прв стрелец во Лига Европа со 8 гола и да го држи Атлетик Билбао во мирната зона во Ла Лига. А малку фалело да стане лизгач на брзи патеки.

Клубот со душа кој се спаси од долгови и сега се бори за еврокупови

„Се навикнавме дека тоа е страшно и лошо, но зошто? Кризата е добредојдена. Прав момент да се смени сè од нула. Кога сфативме дека Еибар е мал и сиромашен клуб, тоа ни даде сила и искреност да му ја раскажеме нашата историја на светот“, вели младиот шеф на клубот.

Пиши го Еибар, накриви капа и свиркај си

Еибар е мало местенце со околу 30.000 жители во Баскија. Истоимениот тим од овој град е најпријатното изненадување оваа зима откако екипата игра во најдобра форма во Европа заедно со Сити и Јувентус.

Новиот лидер на Шпанија кој почна во втората лига

Во репрезентацијата на Шпанија настапи смена на генерација, па во последните шест месеци навивачите видоа многу лица. Еден фудбалер посебно „го купи“ селекторот Хулен Лопетеги кој го промовираше во нов лидер на Фуријата.

Кои второлигаши се најблизу до прва лига

Европската фудбалска сезона се ближи до крајот. Ако во елитните шампионати на Стариот континент знаеме се што се случува, да ја видиме ситуацијата во вторите лиги.

Ќе испаднеме од втора лига, ама фашист нема да игра за нас

Синоќа истече рокот за трансфери на фудбалери во поголем дел на Европа. Шпанскиот Рајо Ваљекано договорил позајмица со Украинцеот Роман Зузулија, но поради неговите десничарски ставови, навивачите на клубот не го сакале во екипата.

Тренер со големо срце

И покрај тоа што победи во последното коло, симпатичниот тим од предградието на Мадрид, Рајо Ваљекано само за еден бод испадна од лигата. Тоа најтешко му падна на тренерот Пако Хемез кој не издржа да не заплаче.

Може ли да ја спасуваме Валенсија од испаѓање?

На местото на отпуштениот Гери Невил кој имаше мизерен учинок, Валенсија за главен тренер го постави Пако Ајестаран, долгогодишен помошник на Рафа Бенитез. На неколку кола до крајот, што може да се очекува од „лилјаците“?

Тимот од провинција кој се прослави на голема сцена

Мирандес е екипа која важи за нагазна мина за фаворитите во шпанскиот Копа дел Реј. Со фантастичен фудбал добиваа аплаузи на Риазор, Ла Ромаледа, Санчез Писхуан и успешно се бореа на два фронта, во купот и првенството.

Ла Масија седум години не извадила стандарден првотимец

Легендарната школа на фудбалот на Барселона во последно време минува низ сериозна резултатска криза, а играчите од академијата никако да се протнат во првиот тим како нивните претходници.