Извесен Фран Гаго возел со својот автомобил во едно место во Андалузија. Тргнал на мал фудбал со другарите кога во еден момент го фатило дремка и заспал над воланот.
Имал животна среќа кога го штрекнал еден од коментаторите на радио преносот од мечот Осасуна - Кордоба. Во моментот кога Кике Барха постигнал гол за Осасуна, коментаторот гласно викнал и Гаго се разбудил на време.
Во моментот кога отворил очи колата веќе му била надвор од патот и возела кон провалија. Чиста среќа имал што во моментот слушал пренос на фудбал во емисијата "Tiempo de Juego".
"Како што често правам, пуштив радио за да ја слушам Tiempo de Juego. Играа Осасуна и Кордоба и во еден момент откако заспав, слушнав само Гоооооол! Гоооооол! Се разбудив нагло и сфатив дека возам надвор од коловозот. Имав време само да го свртам воланот и да се удрам во едно дрво."
За среќа поминал со полесни повреди и самиот можел да излезе од колата. Малку фалело да заврши трагично во провалија.
„Ова никогаш во живот не ми се случило. Благодарение на коментаторот Алберто Санц останав жив“, раскажал Гаго во емисијата 'Herrera on COPE' кај новинарот Јон Уриарте.
Коментаторот кога дознал дека спасил нечиј живот со тоа што гласно викал, изјавил: „Големо задоволство е да се коментираат натпревари во емисијата Tiempo de Juego а уште поголемо задоволство е ако така сум спасил нечиј живот.“
Мечот се одиграл на 13. октомври а Осасуна победила 3-1.