Клубот со душа кој се спаси од долгови и сега се бори за еврокупови

„Се навикнавме дека тоа е страшно и лошо, но зошто? Кризата е добредојдена. Прав момент да се смени сè од нула. Кога сфативме дека Еибар е мал и сиромашен клуб, тоа ни даде сила и искреност да му ја раскажеме нашата историја на светот“, вели младиот шеф на клубот.

Во 2009-та, малиот Еибар само што влезе во сегунда Б, а младиот претседател на клубот од градчето со 27.417 жители, кој никогаш не се занимавал со фудбал поставил нереална цел пред себе: „Ние ќе играме во Ла Лига“, рекол шефот и сите се подсмевале со него.

Денес Еибар е 7-мо место во Ла Лига и се бори за еврокуповите.

ХОЛИВУДСКА ИСТОРИЈА ЗА ВЛЕЗОТ ВО ЛА ЛИГА

Во средниот век на полигоните во Еибар се испитувало и произведувало оружје кое важело за најдобро во цела Шпанија. Во 1980-те оружената индустрија паднала во нокдаун: производството се намалило, фабриките го скратиле персоналот, платите доцнеле а на полигоните израснале корови и грмушки.

Фудбалот ги одвлекол месните жители од депресија - минијатурниот стадион „Ипуруа“ собирал 7.000 гледачи. Во сезоната 2017/2018 овој стадион стана ценет полигон на кој Еибар („лос армерос“ - “вооружените“) ги постројуваат екипите од Ла Лига а некого и казнуваат.

Стадиончето добро памти многу настани од историјата па и страданието на крајот од ’40-те години на рушевините од граѓанската војна. Но местото израснало заедно со клубот којшто сега го симоблизира препородот на градот - екипата ја сакаат сите жители а знамиња со грбот на клубот се веат над Градската куќа.

Револуцијата во клубот почнала во тешко време. Во 2009-та Еибар бил на граница - влегол во сегунда, но за престој таму немал доволно финансии. Нов претседател на клубот станал 34-годишниот економист Алекс Аранзабал кој до тогаш немал никаква допирна точка со фудбалот.

Аранзабал завршил на престижниот универзитет Деусто во Билбао, таму предавал, а две години пред да стане претседател на Еибар добил титула доктор на економски науки и бизнис управување.

„Игравме во сегунда, завршивме 21-во место и испаднавме во сегунда Б. Замислете како се чуствував. Тоа беше кошмар. Уште тогаш поставив цел на управата - да се бориме за Ла Лига. Кога зборував за тоа, луѓето ми се смееја“.

Аранзабал се обидел да ја сфати кризата: „Се навикнавме дека тоа е страшно и лошо, но зошто? Кризата е добредојдена. Прав момент да се смени се. Кога сфативме дека Еибар е мал и сиромашен клуб, тоа ни даде сила и искреност да му ја раскажеме нашата историја на светот“, вели младиот претседател на фудбалскиот клуб Еибар.

Алекс Аранзабал важи за прав бизнисмен. Во 2016-та решил да го крене клубот. Продолжил да изучува спортски менаџмент, да поминува многу време во библиотека, да чита лекци на универзитет и да се занимава со бизнис-консалтинг.

На Алекс му тргнало - Еибар се искачи два ранга погоре за само две години. И кога кажал дека невозможното станало возможно, клубот го чекал нов испит. Во 2014 Ла Лига им поставила жесток услов: да го подигнат буџетот на 1,7 милиони евра и да го реконструираат стадиончето „Ипуруа“ (минимален капацитет на стадион за настап во Примера бил 15.000 места, но согласно 18. директива на шпанскиот законик, клубот можел да ’купи време’ на две години). Во случај на непочитување на барањето шпанската федерација би им ја одзело професионалната лиценца и би ги избркала во Сегунда Б.

„Демократијата е основа за секој од нас. Ние сме никој без луѓето. Имаше можност да го продадеме клубот на еиднствениот инвеститор, но во таков случај ќе се предадевме самите себе“, се сеќава Аранзабал на тешките моменти за клубот.

Морало да се ризикува. Клубот организирал краудфандинг кампања (собирање пари преку донација). Условите биле прости: секој заинтересиран може да добие акции за 50 евра. Единствено никој не може да добие повеќе од 5% од акциите. За три ипол месеци реализирале 36.000 акции меѓу 11.130 инвеститори од 69 земји.

Најмногу пари легнале од Шпанија, САД, Кина, Британија и Германија. Но акционери има и во Казахстан, Либан, Сингапур. Кампањата му помогнала на Еибар да остане во Ла Лига и се покажала како одлична пиар акција: екипата блесна во најголемите светски медиуми и доби нови навивачи од целата планета. Денес клубот има 34 официјално регистрирани фан-клубови кои имаат свои канцеларии и во САД, Германија, Австралија.

Денес Еибар е клуб без долгови и со еден од најсветлите модели на функционирање во Шпанија, а можеби и во светот. Сите работи кои се преземаат се јавно објавени на официјалниот сајт и нема никакви тајни.

Ако сте акционер во клубот, незадолжително треба да слетате од САД или да гласате од Либан по електронска пошта. Сезонава Еибар собрал неверојатен буџет од 45,3 милиони евра што е апсолутен рекорд во историјата на клубот. А пред четири години едвај собраа 2 милиони и беа пред стечај.

„Лос Армерос“ имале среќна ѕвезда. Разбудениот клуб почна во Ла Лига 2014/2015 како разбуден ѕвер. Го прегази Сосиедад во баскиското дерби а во првата полусезона собра 27 бода и заврши на средина на табелата. Во втората полусезона екипата падна во форма, изгуби многу средби, собра само 8 бода и во драматична завршница заврши под линијата за испаѓање. Но ги спаси судбината на Елче кој бил пред нив, на 13. место. Ла Лига ги казнила шефовите на Елче поради финансиски малверзации (не давале плати и имале неизмирен долг од 5,5 милиони долари) и Елче бил дисквалификуван.

УНИКАТЕН БИЗНИС МОДЕЛ

Историјата со акционерството на Еибар и неверојатната стратегија на претседателот во услови на голема криза го заинтересирало престижното бизнис школо IESE - едно од Топ10 најдобри бизнис школи на светот и најдобра во Европа според New York Times. Филијали и кампуси IESE има во Мадрид, Барселона, Њујорк, Минхен и Сао Паоло.