Еднаш малиот чиишто родители ги сакале планините и се што е со нив поврзано, го освоил државното првенство во брзо лизгање. Кога стоел на пиедесталот, тој се смеел како и секј друг човек кој ќе ја оствари целта, но во очите му се гледала некоја тага.
Родителите била вон себе од среќа: татко му и шепотел на уво на мајка му дека треба да го спремаат синот за професионално ниво и да му најдат квалификуван тренер, а мајка му не можела да се наслади на моментот и му праќала воздушни бакнежни на малиот Ариц.
Следното утро татко му пред својот кревет го видел синот кој бил многу натажен и не можел да изговои ни збор. Отишле во кујната и малиот некако раскажал за својата голема љубов кон фудбалот, дека сака исклучиво да стане професионален фудбалер и дека не се гледа себе во лизгалки за мраз. „Добро, Ариц, нека биде по твое“, му рекол татко му.
Можеби се чудите и не ви е верно, но во Шпанија има зимски спортови во кои многу се вложува и Ариц Адуриз ги имал сите шанси да ја продолжи успешната кариера на мраз. Но на 9 години решил да се занимава со тоа што стварно го сака - фудбалот.
Почнал да трча по топката во школата на локалниот клуб Антигуоко каде веќе следниот ден по разговорот со татко му го однеле малиот Ариц.
Му било тешко да се престрои в друг спорт, од мраз на зелен терен каде работат сосема други мускули. Му било незгодно правилно да ја контролира топката. Секој пат кога ќе му ја земеле топката помислувал дека ќе се врати на лизгалките но секоја наредна шанса му го бркала сомнежот.
Неговите слаби партии би поразиле секој друг освен фанатичен Баскиец чија упорност се граничи со лудост. Секој жител на Баскија е таков а Ариц бил прав претставник на оваа мала но најгорда земја во Шпанија.
НА ПЛАЖИТЕ ВО БАСКИЈА СО ЧАБИ АЛОНСО И АРТЕТА
„Секој што играл на плажата во Сан Себастијан многу брзо стануваше темпераментен. Таму ние имавме многу фактори кои се несвојствени за другите обични терени: жежок песок, ветер, камчиња, потоци, необичен отскок на топката. Таков фудбал со ништо не може да се рамни“, се сеќава Адуриц на детството.
Ла Конча, најпознатата плажа во Сан Себастијан е место каде што топката првпат почнале да ја бркаат големи ѕвезди како Чаби Алонсо, Микел Артета, Андони Ираола и други. Ариц се дружел со нив но вистина е дека не бил фудбалер поради талентот.
БИЛБАО, БИЛБАО И САМО БИЛБАО
На 18 години шпанското сонце конечно го огреало идниот напаѓач на шпанската репрезентација. Го викнал клуб од Сегунда Б од провинцијата Алава. Клубот се викал Аурера и е сосема непознат. Така Ариц конечно го покажал својот бомбардерски талент и за една година добил повик од Билбао. Иако секогаш потајно го сакал Сосиедад, сфатил дека фудбалот во Билбао е на многу посериозно ниво.
Далеку посериозно од просечен тим од Сегунда Б третата лига.
Од тој момент кога влегол во локалниот клуб Антигуоко веќе поминале 9 години, Ариц наполнил 17 а понуди не се појавувале.
Главните клубови на Баскија: Реал Сосиедад и Атлетик Билбао имаат ловци на таленти во разни провинции од регионот и нивната политика е таква да се трудат да привлечат во своите школи млади Баски, да ги развијат, да ги стават во прв тим а подоцна да ги продадат во поголеми клубови.
Емерик Лапорте (најскапиот стопер на денешницата кои отиде во Сити) и Асиер Иљараменди се најсвежи примери за тоа.
Така на 17 години Ариц ги испратил Чаби Алонсо во Сосиедад, Андони Ираола во Атлетик, а Микел Артета го регрутирала Барселона. На последниов не му било судено да успее во Каталонија, но затоа Артета направи чудесна кариера на магловитиот Албион каде стигна до капитенски ленти во Евертон и Арсенал. Денес му е помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер.
А поранешниот лизгач Ариц продолжил да верува во чудо и се трудел на терените на Антигуоко. Ја трошел својата фудбалска младост како што Сантијаго ја потроши во лов на риба во „Старецот и морето“ на Хемингвеј.
Обично викаат дека е невозможно човек два пати одеднаш да влезе во иста река. Но зборот невозможно тешко да се употреби во контекст на Ариц.
Во летото 2003-та изгледаше како клубот да стави крст на неговата кариера во Атлетик, зошто три сезони претходно одиграл само три меча за првиот тим и не дал ни еден гол. Настапите за младинците не биле ништо подобрi. Адуриз тогаш сериозно размислувал да го напушти професионалниот фудбал и да се врати во спортот каде има поголеми шанси да успее.
„На крај од краиштата ти џабе не ги фрли лизгалките“, му рекол татко му во еден разговор дома. „Не ги фрлив џабе“, одговорил Ариц и тргнал во последен поход по успешна кариера.
Почнал од нула, одново од Сегунда Б каде негов нов клуб станал Бургос. А таму - ренесанса. Забил 16 гола за Бургос и веќе следната полусезона го земале во Ваљадолид кој настапувал во Сегунда. Таму Ариц постигнал 20 гола, ментално созреал и се вратил во Билбао одново. Во 2006-та.
ГОЛЕМИОТ ЉОРЕНТЕ И ВЕЧНАТА КЛУПА
Тоа беа години кога во Атлетик блескаше неверојатниот Фернандо Љоренте. Адуриц со текот на времето стана исклучиво џокер којшто тренерот го уфрла во тешките минути на крај кога Љоренте е изморен. Така во првата сезона по враќањето, Ариц буквално го спасил Атлетик од испаѓање од Примера со 6 гола за пола сезона.
Во 2008-ма по 100 меча и 30 гола за Атлетик, Адуриз премина во Мајорка. Навивачите биле против таковтрансфер и не сфаќале како управата може да го продаде човекот кој кога и да влезе во игра дава гол.
Тогашниот претседател Фернандо Гарсија Макуа ја правдал одлуката со желба за лидер во екипата која тогаш сериозно се прашуваше во еврокуповите. Средставата од продажбата на Ариц ќе помогнеле во такво нешто. Навивачите останале на свое и никогаш не ја простиле продажбата на својот миленик. Така Ариц стана свој на големиот „Сан Мамеш“, но немал среќа.
Во Мајорка под водство на Грегори Манзано играл две сезони во Примера и постигнал 23 гола. Два пати станувал најдобар стрелец на клубот од Балеарски острови. Во сезоната 2009/2010 Мајорка заврши во зоната на еврокупови, на само еден бод од четвртото место кое води во ЛШ.
Адуриз израсна во расен стрелец и немаше викенд а програмата да помине без негов гол. Тоа му овозможи да добие повик во репрезентацијата на Шпанија (го пуштија на еден меч против Литванија).
Во летото 2010-та Ариц беше претставен како нов играч на Валенсија на „Местаља“. Таму имаше тешка мисија да го заменува страшниот бомбардер Давид Виља. И му успеа, се изнадава голови во Лига на шампиони но за жал пак немаше место во стартните 11. Виновен за тоа беше Роберто Солдадо кој во тоа време ги играше најдобрите моменти во кариерата и со право беше прв шпиц кај Унаи Емери.
32 меча за 35 години. Бенџамин Батон ти ли си?
За две години на „Местаља“ ситуацијата на Ариц не се смени многу па Атлетик Билбао реши на својот „земјак“ да му даде шанса. Адуриз се врати во родната земја иако во Билбао не очекувале многу од него: 31 година - пред крај е на кариерата, освен ако не си центарфор роден во Италија.
Тогаш го погледна среќата. Љоренте сакаше да оди во Јувентус, клубот влезе во конфликт со него па Адуриз почна да игра и не само тоа - совршено добро стрелаше што никој не обрна внимание на неговата возраст. И несудениот лизгач беше како вино, што постар тоа подобар: 14 меча во Лига во 2012/2013, па 16 меча, па 18.... Врвот го достигна со хет-трик против Барселона и пента-трик во Лига Европа. Чудо се случуваше на „Сан Мамеш“.
Пред две години Адуриз ја одигра најдобрата сезона во кариерата. Никогаш претходно во сите натпреварувања не постигнал повеќе од 25 гола а таа сезона центарфорот на Атлетик Билбао ја заврши со неверојатни 32 гола! Притоа некои од тие голови се за секој фудбалски гурман, да се разбереме:
„Никогаш не сум видел такво нешто. Обични ние мислиме: играч кој има 35 години, ќе паѓа во форма, но не, кога го гледате него не сакате првенството да заврши. Тој е неверојатен. Немам зборови да ја опишам неговата игра“, го фалеше Ернесто Валверде својот напаѓач во Атлетик.
Во предворјето на Европското 2016 во Франција Висенте дел Боске на домашна адреса и во федерацијата добил илјадници писма со барања да го викне Адуриз. На телевизија, на радио, во весници, на улица - секаде во Шпанија главна интрига бил потенцијалниот настап на скромниот Баскиец на Еврото. И што е најважно Ариц заслужи повик. Иако Шпанија тогаш испадна во осминафиналето од Италија а Дел Боске даде оставка, Ариц може да напише во својата биографија дека играл на едно Европско.
Денес Атлетико игра слаба, бледа сезона. Скромното 13. место е поблиску до зоната за опстанок отколку за европкупови. Продажбата на Емерик Лапорт во Манчестер Сити и заминувањето на Ернесо Валверде во Барселона значеше голем пад на Баскијците.
Но Ариц не гледаше многу така. Во моментов има 16 гола во Примера и е прв стрелец во Лига Европа со 8 гола. Неодамна Жирона стана 34-от клуб на кој Адуриз му дал гол во Примера. Подобар учинок имаат само Меси и Раул. Пред три дена го прославил својот 37. роденден, но тоа не му смета да ги тресе противничките мрежи.