Фуенлабрада и Жирона се комшии на табела во шпанската втора лига Сегунда. И двата клуба се борат за место во баражот преку кој се стигнува до Примера каде Жирона игаше лани а Фуенлабрада не играла никогаш.
Интересно, во вториот дел од нивниот меѓусебен меч на стадионот „Естадио Фернандо Торес“ (да, во чест на легендата кој е роден во Фуенлабрада но никогаш не заиграл за оваа екипа), се случи многу смешен и необичен момент.
Судијата во еден момент го исклучи центарфорот на домаќините Кристобал Маркез и тоа со директен црвен картон за наводен груб фаул.
CF Fuenlabrada midfielder Cristobal Marquez:
— MansionBet (@MansionBet) February 3, 2020
70' - Shown red card for dissent
71' - VAR downgrades red to yellow
71' - Immediately starts arguing with a Girona player and is shown a second yellow card.
He really fancied that early bath 😂 pic.twitter.com/t8oaOsxooV
Додека Маркез влегувал во соблекувална, а на капитенот на Жирона Алекс Гранел му пружале помош, судиите горе во собата ја гледале ситуацијата на ВАР (да, во шпанска втора лига има ВАР на сите натпревари) и го посоветувале судијата Исидро Диаз де Мере уште еднаш да ја прегледа епизодата и да донесе одлука.
Судијата гледал, се подзамислил и побарал да го викнат Кристобал од соблекувална. Кога овој дошол, му го тргнал црвениот картон и му дал жолт.
И пази сега ова: Додека Кристобал Маркез се враќа на теренот, се закачнува со Гранел на кого му вика дека глумел и пак добива втор жолт картон автоматски црвен: