Таг: жирона

Голманот на Жирона направи кикс, недозволив за ЛШ

Сензацијата во шпанскиот фудбал минатата сезона, имаше 90 минути изненадувачко реми на гостувањето во Париз, но радоста им ја расипа голманот Газанига кој прими смешен гол кој му е препишан како автогол. Бојан Миовски не доби шанса за деби во ЛШ.

Бедна голгетерска вечер во ЛШ, Жирона и Миовски дебитираа со пораз во 90-та минута

После бомбастичниот старт со голеада и тоа од вкупно 28 комада, втората ноќ од првото коло во Лига на шампиони заврши разочарувачки со вкупно 13 погодоци. Два меча завршија 0:0, меѓу кои дербито Сити - Интер, Селтик пукна петарда, Борусија беше убедлива на гости, а Бојан Миовски го преседе првиот меч од ЛШ на клупа.

Жирона го претстави Миовски на штосен начин

Грмат социјалните мрежи на шпанскиот прволигаш. Доаѓа македонскиот бомбардер од Абердин.

Топ 5 сензации во топ 5 европските лиги

Убавината на фудбалот ниту од далеку не се состои само во моќниците кои со фаворитска улога ја освојуваат титулата, каков што беше годинава случајот со Реал Мадрид, Манчестер Сити, ПСЖ и Интер. Има многу шмек кај помалите екипи, а оваа сезона тој шмек кај нив беше нешто посебно.

Пожртвуваност на гол линија со глава во 94-та минута, невидена во Шпанија и пошироко

По дебаклот од Реал Мадрид со 4:0, Жирона запиша нов пораз од 3:2, овој пат од Атлетик Билбао и падна на -6 од кралевите и на само +2 пред Барса. Во 94-та минута се случи драма и пол. Кога сите мислеа дека топката е во гол и резултатот е 3:3, дефанзивецот на Билбао, Дани Вивиан потрес на мозок жртвуваше на гол линија.

Хет-трик на Довбик за 6 минути, Жирона не застанува

64 години не се случило некој во Шпанија да постигне три гола во првите 19 минути од мечот. На Украинецот Артем Довбик тоа му успеа во 13, 15 и 19 минута, откако Севиља поведе 0:1 во 10 минута. Циганков и Стуани постигнаа уште два гола во вториот дел за победа од 5:1 и пласман на Жирона на прво место, со бод повеќе од Реал кој има натпревар помалку.

Фудбалер на Жирона ја понижи цела одбрана на Атлетико за голема победа во 91-ва минута

Прво ја победија Барселона на гости 2:4, за прв пат во историјата, а сега слават над Атлетико Мадрид 4:3, исто така за прв пат во историјата. Жирона сè повеќе наликува на Лестер 2016.

Жирона - Реал ли е, Силекс - Саса ли е?

Навикнати сме кај нас на фудбалски сцени со крави и волови на терен, гледачи по балкони и кровови, а и на софри со бели чаршафи. Ама дека ќе дочекаме момент како може да се гледа 14 кратниот првак на Европа од брдо и тоа во прва лига, немаше шанси да поверуваме.

Тати Кастељанос е прв играч по 76 години кој му даде 4 гола на Реал во Ла Лига

Лоша вечер за Реал Мадрид и во фудбал и во кошарка. Кралевите се соочија со понижување од Жирона која ги декласираше со 4:2. И тоа еден ист играч ги постигна сите голови за домаќините.

Зицерот на Жирона и сомнително поништениот гол на Барса

Барса одигра само 0:0 против 11-то пласираната Жирона и сега е на +13 пред Реал. Имаме две ситуации за одбележување, по една на двете страни.

Судија исклучи играч, после ВАР го врати од соблекувална, па пак го исклучи

Скроз е подруго кога се гледа од телевизија, од ВАР соба, од трибини, со она што главниот судија на мечот го гледа во живо меѓу играчите. Во Шпанија поради тоа се случи најлудата епизода.

Барди со гол му донесе нова сезона на Леванте во Примера

Македонскиот репрезентативец Енис Барди синоќа го постигна третиот сезонски погодок за Леванте (12-ти откако е во Шпанија) и дефинитивно му обезбеди опстанок на својот клуб.

Голман башка будала или голман крал?

За време на мечот Жирона - Алавес (1:1) на кој Кристијан Стуани постигна прекрасен гол, голманот на домашните Јасин Буно направи многу ризичен дриблинг во стилот на Зинедин Зидан. Има среќа што му успеа.

Преубав гол со полу-ножички на човекот кој се брка со Меси на листата стрелци

Уругваецот Кристијан Стуани е најголемо изненадување во шпанската Ла Лига сезонава. Тој постигна 12 гола досега и го дели второто место на листата најдобри стрелци со Суарез кој има исто 12. Лионел е прв со 16 погодоци.

„Кога читам во весник дека сум дал исто голови колку Меси, не ми се верува“

Најдобриот бомбардер во Ла Лига игра за Жирона. Се вика Кристијан и станува збор за центарфор кој постигна 11 гола на 12 меча досега во Примера. Меси по мајсториите против Еспањол има исто толку голови, а Аспас и Суарез имаат еден помалку.

Тешка глупост е ова што меч од шпанско ќе се игра во Америка

Го наумија и со цел памет ќе го реализираат. Да не му се верува на човек. Жирона и Барселона во рамките на натпревар од Ла Лига ќе се сретнат во Мајами. Значи не на летна турнеја, туку во домашно првенство. Зошто? За пари.

Феноменот Жирона - од банкрот до дружба со Манчестер Сити

Клубот кој до пред само неколку лета бил пред гасење затоа што му се заканувал банкрот, годинава е најпријатно изненадување во Примера. Но од причина што го водат шеиците кои се сопственици на Манчестер Сити, а Пеп Гвардиола ги помага тактички зошто брат му е газда на Жирона.

Кои второлигаши се најблизу до прва лига

Европската фудбалска сезона се ближи до крајот. Ако во елитните шампионати на Стариот континент знаеме се што се случува, да ја видиме ситуацијата во вторите лиги.